Важно за пчеларите! Во Општина Охрид и Дебрца во четврток и петок ќе се реализира дезинсекција против комарци

  Врз основа на одлуката на Советото на Општина Охрид за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина како општа противепидемиска мерка ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид ги изестува граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на Општина Охрид дека на ден 31.05.2018 (четврток) екипа на Центар за јавно здравје ќе спроведе ларвицидна дезинсекција против комарци.

  Третирањето ќе биде од земја во период од 05 до 07 часот.

Со дезинсекцијата ќе биде опфатено Студенчишко блато, месноста Далјан и потегот од Андон Дуков до Подмолје.

 Истата постапка за дезинсекција ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид ќе ја спроведе и во Дебрца на ден 01.06 2018 год. (петок).

Третирањето ќе биде од земја во период од 05 до 08 часот.

 Со дезинсекцијата ќе биде опфатено Белчишко блато и крајбрежјето на Голема река со опфат на Грко Поле, Средоречје и Ново Село.

 Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги преземат соодветните мерки за заштита на пчелите.

Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.

За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Центар за јавно здравје Охрид е 046/231 881 и 046/230 231.