Вчера се обединија учениците од Охрид, Струга, Дебрца и Кичево (фото)

 Вчера на охридскиот кеј се одржа Училишната трка како дел од „Трките на различностите“, а во склоп на спортската манифестација „Охрид трчаТ“.
 Организаторите повеќе од задоволни истакнаа дека оваа трка ги обедини основците од училиштата од Охрид, Дебрца, Струга и Кичево. Повеќе од 200 ученици од овие училишта се натпреваруваа, а најбрзите ги награди градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски.
 
Училишната и детската трка која ќе се одржи на 2 јуни и ќе биде најава за главниот настан се спроведени од
страна на Асоцијацијата „Спорт за сите-сите за Спорт“ и Сојузот на училишен спорт од Охрид, а е поддржана од Европската Унија, Локална агенција за развој и ЗГ Креативни и Активни од Струга.

Победници на вчерашната трка се:

Женска конкуренција:

1. Марија Шипинкоска (ОУ Христо Узунов-Охрид)

2. Драгана Усовиќ (ОУ Христо Узунов-Охрид)

3. Александра Петреска (ОУ Браќа Миладиновци - Струга)

Машка конкуренција:

1. Филип Ѓоргоски (ОУ Христо Узунов-Охрид)

2. Атанас Куциноски (ОУ Христо Узунов-Охрид)

3. Климент Филев (ОУ Климент Охридски-Охрид)