Да ја покажеме уште еднаш хуманоста на дело - сите да помогнеме за малата Мила!

         Мобилизацијата на охриѓани за помош на малата Мила продолжува и овој викенд.

На Градскиот плоштад Св.Климент Охридски во Охрид,  сабота  од 12 ч. Младите на Црвен крст Охрид и охридските музички уметници, поединци и групи, ќе имаат свој настап со изведба на познати музички нумери, а волонтерите на Црвен крст Охрид ќе собираат финансиски прилози за покривање на трошоците за неопходниот оператиен зафат врз петнаесетмесечната Мила, кој треба да се изведе во Кина.

                Ги очекуваме нашите сограѓани и гости со песна да се сплотиме во хуманоста и солидарноста за помош на Мила.- апелираат  од Црвен крст -Охрид