Циклонот Алексеј “по стапките” на Хектор? (фото-галерија)

Циклонот кој денес пристигна во Македонија, Алексеј, донесе умерен до засилен ветер и го разбранува Охридското Езеро, па сликата како да се повторува од неодамна кога циклонот Хектор доведе до излевање на Езерото.
Метеоролозите за вечерва прогнозираат периоди со врнежи од дожд, кој на моменти ќе биде обилен, а не се исклучува и можноста и за порој и град.



За утре се очекува постудено време со ретки сончеви периоди и повторно врнежи од дожд. Максималната дневна температура ќе биде до 7-от степен Целзиусов, а минималната до 3˚С.  Променливо време ќе се задржи и во текот на следната недела, со постепен пораст на температурите.
 
Приложените фотографии ви го претставуваат Охрид вечерва.
 

Галерија