Бреинобреин генијалците на прием кај Градоначалникот

Успешниот настап на децата од Центарот за развивање на животни вештини Бреинобреин-Црвен крст Охрид  на Меѓународен Бреинобреин натпревар кој се одржа на 18 март 2018 во Белград, Србија е повод малите бреинобреин генијалци да бидат примени од Градоначалникот на Охрид. На средбата која ќе се одржи денес (30.03.2018) во 13 ч. во малата сала на Општина Охрид, учесниците на БОБ натпреварот во Белград ќе ги пренесат своите импресии од настапот и ќе ги покажат освоените трофеи.