Манастирот Св. Наум некогаш

Охрид е ризница на културни знаменитости кои опстојуваат низ годините, повеќе или помалку изменети под влијание на забот на времето или човечкиот фактор. Фотографиите се најверодостојните сведоци на своето време, кои ги чуваме за да се зачуваат од заборав историјата, минатото и обележјата на градот. Охридскиот фотограф Митко Лукан на својот фејсбук профил секогаш умее да ги разбуди чувствата на граѓаните, постирајќи фотографии од понов или постар датум. Една таква е и приложенава фотографија од охридското минато каде е прикажан манастирскиот комплеткс Св. Наум, со грандиозната камбанарија, која денес го нема овој лик.







фото: од архивата на Митко Лукан