Од ноќеска започнува летното сметање на времето

  Ноќва на 24-ти наспрема 25-ти март, започнува летното сметање на времето, кога стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час напред, односно во 2 часот времето ќе се смета како 3 часот. До крајот на месецов, денот се наголемува и почнува да се стемнува околу 18 часот, а во летниот период денот е најголем и затемнувањето почнува околу 20 часот.
  Преминувањето на времето од зимско кон летно и обратно првпат почнало во 1916 та година во државите на северот во Европа, а денес е практика во 70 земји од Светот.
  Европските земји веќе се подготвуваат за конечно укинување на ваквиот тип на сметање на време.