Градско дерби на ТМФЛ (југо-запад) во недела во Охрид

 Екипата на Градскиот Фудбалски клуб Охрид-Лихнидос, со уште еден натпревар следниов викенд.
Во недела, младите фудбалери ќе играат како гости на градското дерби против екипата на Воска, на стадионот Воска во Охрид.
 Младата екипа на ГФК Охрид - Лихнидос е дел од Третата македонска фудбалска лига (југо-запад), составот на  фудбалери е од фудбалската Академија, а тренираат интензивно секој ден од понеделник до четврток, под водство на тренерот Александар Бакулески.
 Градското дерби ќе се одржи во недела, на 25.03.2018, со почеток во 14часот – стадион Воска.