ОУ "Живко Чинго" од Велгошти го одбележа својот патронен празник (фото)

 


  Со  пригодна свеченост, синоќа во Центарот за култура Григор Прличев, Основното Училиште Живко Чинго од Велгошти го одбележа својот патронен празник. Пред присутните свое обраќање имаше директорот на училиштето, Ѓоко Чингоски, кој на најуспешните ученици им додели награди.
 Богатата програма беше реализирана од страна на учениците на ова училиште, кое годинава одбележа 142 години од своето постоење.