Два дена - две спротивни времиња (фото)

 
 После вчерашното невреме во Охрид, предизвикано од силниот ветер и огромните бранови кои го поплавија кејот, шеталиштето, градскиот парк, како и многуте летни тераси и платформи, денес е смирено, стабилно, сончево со слаб до умерен ветер, и наликува на вистинска пролет. Охридскиот фотограф Митко Лукан, направи одлична споредба на она што се случуваше вчера наспрема денешниот мирен ден, фотографирајќи од ист агол две различни временски промени.


  Сепак, прогнозите на метеоролозите потсетуваат на тоа дека се уште сме во календарската зима, која во наредниве денови ќе донесе уште врнежи од дожд, а кон крајот на работната недела можни се и врнежи од снег, а со тоа ќе следува и благ пад на температурите – утринските ќе бидат до 2 степени под нулата а максималните дневни до 6-от степен Целзиусов. До крајот на денов ќе се задржи суво време, во текот на ноќта ќе почнат  врнежите од дожд, а таквото време ќе се задржи и во текот на утрешниот ден, кога маскималната температура ќе достигне до 10˚С.







Фото: Митко Лукан