Охридска вонвременска убост

  Охрид поседува убавина, природа, шарм, кои не се мерат со изминувањето на времето, бидејќи во секој документиран период можеме да се насладуваме на вредностите со кои се забележал моментот од поблиското или подалечно минато. Една таква фотогрфија со нас сподели и нашиот сограѓанин Митко Лукан, на која не е прецизирана годината кога е направена, но може да се добие впечаток дека станува збор за Охрид во минатото, можеби пред 60-ина години, или повеќе.. доколку некој од вас пак можеби е запознаен со точниот период, може слободно да не корегира.