Црвен крст - Охрид утре (петок) ќе го одбележи 17-ти Март - Денот на крводарителството

Посебни признанија и благодарници за најхуманите крводарители

 Перманентна работа за промовирање и унапредување на крводарителството на територијата на општините Охрид и Дебарца е заложба која Црвен крст Охрид континуирано, посветено и совесно ја спроведува. Како резултат на постојаната ангажираност на активистите на Црвен крст и службите за трансфузиологија во текот на целата година, се задоволуваат потребите од крв и крвни продукти на пациентите во здравствените установи во нашиот град.
 Хуманоста што ја покажаа нашите крводарители преку доброволно дарување крв придонесе да бидат спасени многу човечки животи.
 Честитајќи им го 17-ти март, Денот на крводарителството во Р.Македонија, Црвен крст Охрид изразува благодарност и почит кон сите крводарители, поединци, фирми, институции кои го помогнале развојот на крводарителството во Охрид и Дебарца и ги поканува на пригодна свеченост во просториите на Црвен крст Охрид на 16.03.2018 год. (петок), со почеток во 13:00 ч., на која ќе бидат доделувани признанија на заслужни крводарители, поединци, фирми и институции кои помогнале во развојот и унапредување на крводарителството.
 Особена благодарност упатуваме до медиумите за придонесот во унапредувањето и развојот на крводарителството во РМ - велат од Црвен крст - Охрид.