Фестивал за фризура, мода и убавина во Охрид

 
 На 25-ти и 26-ти март, Охрид ќе биде домаќин на Фестивал за фризура, мода и убавина, кој ќе се одржи во хотелот Aqualina, а ќе учествуваат престижни фризерски имиња од Балканот и Европа.
 Натпреварувачкиот дел на фестивалот ќе биде на 25-ти март (недела), кога учесниците ќе се натпреваруваат во: машко потстрижување, женско потстрижување, пунџа на долга коса, невестинска фризура и фризура  Фантази. По завршувањето на натпреварувачкиот . дел, како што најави организаторот, следува шоу перформанс на фризери од повеќе фризерски клубови  од  Македонија.
 Следниот ден – 26-ти март, свој перформанс ќе имаат најдобрите фризери-стилисти од Италија, Холандија, Белгија,Турција, Грција, Бугарија, Србија, Албанија и Косово. Организатор на настанот е  Македонската фризерска асоцијацијa.