Од недела повторно пад на температурите и можност за снежни врнежи

Денес во Охрид времето беше претежно сончево и релативно топло, а максималната дневна температура го достигна 9-от степен целзиусов. За утре метеоролозите предвидуваат облачно и суво време со максимални 6 степени целзиусови. Слично ќе биде и во сабота, но со зголемени услови за дожд, кои во недела ќе донесат можност за врнежи од снег, кога утринската температура ќе биде еден степен под нулата, а максималната дневна нема да биде повисока од 3˚С.