Охрид - неисцрпен извор на инспирација

Градот Охрид со сето она што го поседува и нуди, претставува неисцрпен извор на инспирација и мотивација. Токму тоа веројатно е причина што низ историјата се слушнале  и запишале многу приказни поврзани со настанувањето на Охрид, неговите знаменитости и убавини. Постојат и повеќе легенди за тоа како градот го добил своето име.
 Според една легенда, се верува дека градот го добил името Охрид, кога самуиловите војници враќајќи се од една тешка битка, уморно  го искачувале ридот (на кој е денешниот стар град) кон тврдината, извикувајќи – Ох-риде, Ох-риде..
Според друго предание, кое го запишале Браќата Миладиновци,  името на градот Охрид го дал  царот Јустинијан.
Преданието гласи:
Вељат че, кога се правеше охридската крепост, Јустинијан се качи на ридовите на кои лежит градот и, гледаешчем прелепото местоположење, извика:” Ох рид”, т.е. “ох, каков убав рид!”  И од тога стана да се вика градот Охрид.