Викендов сонце, од понеделник повторно врнежи

   Денес во Охрид времето е сончево со максимална дневна температура од 7˚С. И за утре се очекува сонце со ниска утринска температура околу 0˚С и максимални 8˚С. Во недела ќе преовладува облачно и суво време со кратки сончеви периоди. Облачноста ќе донесе влажен бран, па од понеделник повторно се очекуваат врнежи од дожд, кои во вторник ќе преминат во снежни врнежи. Уживајте во викендот.