-
12.02.2018
-
Што да посетите
На источниот дел од Охрид, во подножјето на планината Галичица, се наоѓа селото Велгошти. Познато е дека поголем број од црквите, светите храмови во Охрид, се наоѓаат токму во Велгошти. Оној кој го посетил ова село и прошетал во обиколка на црквите, знае за какви убавини станува збор – не само на градбите, туку и на природата во која се закотвени истите.
Ја посетивме црквата Св. Никола, чиј камен-темелник е осветен и поставен на 22.05.1995 година, а осеветна е на 20.05.2007 година од страна на Митрополитот Дебарско-кичевски г.Тимотеј. Фрескоживописот на црквата е дело на уметникот Марјан Ристески. Надополнување на убавината на оваа црква е природата околу неа, која со штотуку паднатиот снег кој не беше во изобилство, сепак направија еден прекрасен пејзаж за уживање и впивање на чистината на воздухот, и секако вистинско прочистување на душата.