Неколку факти за Охридската пастрмка

Еден од заштитните знаци на Охрид несомнено е Охридската пастрмка, која  живее во Охридското езеро. Денот го поминува во длабочините и на места што пооддалечени од брегот, а на површината на водата испливува навечер, кога лови муви. Понекогаш приоѓа до самиот брег, во плитките води, барајќи храна од подводните растенија. Охридската пастрмка е специфична со сплеснатото тело, малата глава и ѕвездестите сиви пеги по телото. Бојата на месото кај некои од пастрмките е  бела, а кај некои розова. Максималната должина се движи од 25 до 60 см, а максималната тежина до 15,8 кг. Мелезите настанати со вкрстување на поточната и охридската пастрмка по телото имаат наизменично распоредени црвени кружни и сиви ѕвездести пеги како летницата. Како еден од заштитните знаци на Македонија, пастрмката  се наоѓа и на македонските монети.