Билјанини Извори - место кое не се заобиколува.

Што не треба да пропуштите кога сте во Охрид? Секако, најпознатиот и најопеан симбол на Охрид, Билјанините Извори. Тие се ремек-дело на природата, а сигурно дека не постои човек кој го посетил Охрид, а ги заобиколил Изворите. Многу легенди и верувања се врзани за нивното создавање, а најпознати се онаа за убавата Билјана од чии солзи се создале Изворите, и онаа за  Билјана која платно белела за своите се уште незнаени свекор и свекрва. Во што и да верувате за настанувањето на Изворите, сигурни сме дека добро ја знаете нивната убавина и местоположба. Со вода од изворите се снабдува и Хидробиолошкиот завод, научна институција која се занимава со ендемскиот жив свет на Охридското Езеро, како со негово проучување, така и со негова заштита.