Во петок бесплатен паркинг од 8 до 15 часот

Од ЈП Билјанини Извори известуваат дека по повод големиот христијански празник Богојавление – ВОДИЦИ, на ден 19. 01. 2018 година ( петок ) користењето на услугите на јавниот градски простор со кој стопанисуваат ќе биде бесплатно за сите нејзини корисници од 8 до 15 часот.
Од претпријатието велат дека одлуката е  со цел да помогнат во подобрата организација на настанот а воедно да им овозможат на граѓаните на Охрид и на сите гости поголема можност за присуство на самиот настан.