Солени мафини

Еден сосема лесен, брз, едноставен и вкусен рецепт за Вас и Вашите најмили.
Солени мафини со спанаќ и сирење.
Потребни состојки:
4 јајца
1 чаша масло за јадење
1 чаша рендано сирење
1 чаша спанаќ обарен
2 чаши брашно
 1 пециво
 1 чаша јогурт.
Се матат јајцата и постепено се додаваат течните па цврстите состојки, а добиената хомогена смеса се истура во намрсените калапи за мафини. Може да се пече и како солена торта. И наместо спанаќ може да се стави салама, праз итн.. по желба.