Бесплатен паркинг за Божиќ

  Општина Охрид информира дека по повод големиот христијански празник Божиќ, ЈП Билјанини Извори донесе одлука на ден 07.01.2018 година (недела) користењето на услугите на јавниот градски простор со кој стопанисува да биде бесплатно за сите нејзини корисници.
   Од јавното претпријатие го честитаат празникот, и на сите граѓани на Охрид, на Република Македонија, како и на иселениците од православна вероисповед им посакуваат добро здравје, успех во работата и благосостојба. Честит празник! Христос се роди!