(Пред)Новогодишната еуфорија започна

Вечерва вистинска новогодишна еуфорија во Охрид. На градскиот плоштад во тек е програмата од охридскиот новогодишен викенд, како дел од проектот “Од 20-ти до 20-ти сите во Охрид”. Многу музика, хумор, забава, имаат можност да слушнат охриѓани, но и големиот број посетители кои одлучиле новогодишните празници да ги прославуваат во нашиот град. Охрид овој викенд живее како за време на летната сезона кога градот е преплавен од туристи кои наоѓаат дел од себе во различните понуди создадени за сите вкусови.
Утревечер, односно за дочекот на Новата Година, на главната сцена на плоштадот, присутните ќе ги забавува Даниел Кајмакоски (од 22:30 до 01:00 часот). Богатата програма ќе започне во 19 часот, во која е вклучен и настапот на Анита Мицова, и секако обраќањето на градоначалникот на Охрид.