Викендов сите патишта водат во Охрид!

Деновиве од викендов кој следува, всушност се последните денови од 2017-та. За достојно да ја испратиме старата, односно, да ја дочекаме Новата 2018-та година, треба да одбереме каде и со кого ќе бидеме за свечениот дочек. Многумина можеби ќе се подвоумат дали да останат во својата топла домашна атмосфера, или пак, да излезат од домовите и да организираат нешто што не им е секојдневие. Без двоумење, ви препорачуваме викендов да бидете во Охрид, и да уживате во убавините и забавите кои ги нуди градот. Од предновогодишна и новогодишна забава на градскиот плоштад, до бескрајно дегустирање на превкусната храна и музиката која со неа се сервира во угостителските објекти - ресторани, пицерии, хотели.. Охрид има умерена клима, зимата е топла и пријатна, па можете да прошетате и на повисоките места, снежната Галичица, или да уживате во културните споменици во стариот дел на градот.  Сите убавини, чистиот воздух, гостопримството на домаќините и услугата, ќе ги уживате по сосема пристапни цени, па на вас останува да се препуштите на понуденото. Не заборавајте на препораките за умерено конзумирање храна и алкохол, и задоволството е загарнтирано. Имајте среќни и незаборавни празници!