Принцес крофни

 
За празниците кои следат Ви нудиме рецепт за  слатко задоволство, кое нема кој не го посакува на својата трпеза. Едноставен десерт, заводлив вкус – Принцес крофни
За тестото е потребно:
200 мл. вода
100 мл. масло за јадење
6 лажици брашно
3 јајца
Водата и маслото се ставаат на оган да зовријат, во нив се додава брашното и брзо се промешува, па се трга од огнот. Откако смесата ќе олади, со миксирање во неа се додаваат трите јајца последователно. Кога ќе се добие хомогена смеса, се става во шприц и се формираат крофните во плех врз хартија за печење. Се  печат во загреана рерна на 200 С, при тоа 20 минути рерната не се отвора.
За кремот е потребно:
400 мл. млеко
3 жолчки
6 лажици шеќер
4 лажици брашно
3 ванили
50 гр.путер
Слатка павлака
100 мл.од млекото, жолчките, шеќерот и брашното се матат со жица за матење и со постојано мешање се ставаат во садот каде проврива преостанатиот дел од млекото. На крај, во хомогената смеса се додава путерот и се остава да се излади. Слатката павлака се подготвува на вообичаениот начин – се мати во цврст шлаг.
Испечените крофни се сечат хоризонтално и се филуваат со шприц – се става кремот од жолчки а врз него добиениот шлаг. Потоа крофните се затвораат и се посипуваат со шеќер во прав.