Раскошот на Охридскиот Антички Театар

Античкиот театар е лоциран во подножјето на источната косина на Охридскиот рид, под Самуиловата крепост, во близина на Горна Порта, од каде се пружа прекрасен поглед на Охридското Езеро и планините кои ја опкружуваат езерската шир.
 
         Објектот бил изграден пред нешто повеќе од два милениуми, во периодот на доцниот хелинизам, а бил преадаптиран веднаш по римските освојувања на овие краишта. Првите податоци за постоењето на театарот во литературата, се јавуваат кон крајот на XIX и почетокот на XX век.
 
             Првата претпоставка за постоењето на античкиот театар претставил рускиот историчар на уметноста, Кондаков, во 1900 година, особено кога ги видел релјефите на Дионис и музите, во пописот на охридската црква Света Богородица. Но, театарот е всушност откриен случајно во 1935 година од страна на српскиот археолог Никола Вулиќ, во централниот дел на Охрид -. Варош. Понатаму, археолошки истражувања и ископувања се вршени во периодот од 1959-1960 година,  под водство  на охридскиот археолог Васил Лахти, кога конечно биле изнесени на виделина делови на хеленскиот театар.
 
          Античкиот театар конечно беше откриен за време на археолошко ископување, во 1999 – 2001 година. Еден од најважните неодамнешните откритија во овој театар се имињата на посетители, врежани на седиштата – веројатно оние гости кои имале сезонски билети за настапи во театарот.
 
         Денес овој простор се користи за разни традиционалните меѓународни културни настани, меѓу кои, приматот го држи најреномираната музичко – културна манифестација со светско реноме, фестивалот Охридско Лето.