Рекоа за Охрид

"Човек би рекол дека пред себе има дел од море истргнат од океанот и фрлен меѓу недостапните планини, кои го опкружуваат од сите страни. На Охридското Езеро, навистина му одговара епитетот Македонско слатководно море".
 
Академик Синиша Станковиќ, Југословенски биолог – 1959 година
 
"Ги посетив црквите во Охрид; ги има околу триесет. Тоа е единствено сведоштво дека помеѓу Византиското црковно сликарство, Равена и Сицилија, од една страна, и Италијанската ренесанса од друга страна, не постоела празнина. Охрид е значаен мост на Европската уметност".
 
Сер Херберт Рид, Британски историчар на уметноста, 1961 година
 
"Во Охрид, во 1945 година, навистина дојдов поради фреските. Запад воопштп не ја познава нашата ренесанса. Запад долго не го сфаќаше Словенскиот национален придонес, на современото сликарство".
 
Иља Еренбург, Советска писателка, 1965 година
 
"Денес не е можно да се студира Византиската уметност, ако не се посети Македонија. Гледајќи ги фреските во Света Софија во Охрид, посебно се забележува начинот на кој непознатите уметници ги постигнувале ликовните решенија на композициите. Потполно е неоправдано, да се зборува за постоењето чиста Византиска школа".
 
Дејвид Талбот Рајс, Британски византолог, 1961 година.
 
 

Галерија