Магијата на Свети Јован – Канео


Ниту една приказна во градот на светлоста, зацврстен во прегратките на Самоиловата тврдина, не може да започне, ниту пак да заврши без еден од неговите најзначајни, најсилни и духовно најбогати скапоцености, црквата на карпата над месноста Канео, посветена на Свети Јован Богослов.

Овој црковен објект се вбројува меѓу најголемите темели на религијата во овој  древен град, и најскапоцен дијамант во неговата круна. Изграден во карпестиот предел над најубавиот дел на Охридското Езеро, некаде од крајот на 13-тиот и на почетокот на 14-тиот век, овој свет храм е сведок на најзначајните историски и културни епопеи на Охрид.


Во својата внатрешност, оваа прекрасна и по многу нешта уникатна црква,  го крие својот речиси уникатен прескопис, по кој е позната во светски рамки, и е една од најфотографираните цркви на Европското тло воопшто.
Црквата има правоаголна основа со впишан крст во внатрешниот простор, тристрана апсида на источната страна и октагонална купола што се потпира врз четири правилни столпци. Градена е од делкан камен, во долниот дел со наизменични хоризонтални и вертикални делови на делкан бигор и тула, во горниот дел. На апсидата, источната страна и куполата има керамопластично украсување на изгледот на фасадите.
Во 2014 година, италијанската новинска куќа Rai Storia, ја прогласи Свети Јован Канео, за една од 65-те најубави цркви на Европскиот континент.

Фото: Бетим Бериша