Ноќен живот

Ноќниот живот во Охрид зависи од годишното време. Во зима градот е тивок, и речиси пуст. Но, во другите сезони од годината, особено во шпицот на летото, овде ноќе е повеќе раздвижено отколку во текот на денот и ќе ви се чини дека никој не спие. Охрид во лето живее интензивно ноќе. 

Ноќниот живот во Охрид зависи од годишното време. Во зима градот е тивок, и речиси пуст. Но, во другите сезони од годината, особено во шпицот на летото, овде ноќе е повеќе раздвижено отколку во текот на денот и ќе ви Летните ноќни охридски забави траат до раните утрински часови.

Ноќниот ритам вo Oхрид  е уште едно големо и незаборавно искуство за сите посетители и гости. Класични концерти, концерти на познати балкански музички ѕвезди (понекогаш и по неколку во иста вечер), фолклорни концерти, настапи на познати светски диџеи, свирки ”во живо” на секој чекор,  па дури и музика на уво за боемите.  се чини дека никој не спие. Охрид во лето живее интензивно ноќе. 

Од ноќниот живот во Охрид восхитени се и странците и гостите од Македонија. Откако денот ќе го поминат сончајќи се на бројните охридски плажи и уживајќи во баровите покрај нив, тие ја продолжуваат забавата во центарот. 

Најпосетени секако се кафулињата и ноќните клубови во строгиот центар, на Плоштадот и оние крај Езерото каде некогаш ќе треба да чекате да најдете слободно место. Кога ќе зајде сонцето, клубовите на плажите се претвораат во ноќни клубови, а познати DJ—И ја подигнуваат атмосферата до вриење. Сцените се живи и разновидни, со различни музички тонови, а места за играње и дружење има на секој чекор. 

Ноќните охридски забави траат до раните утрински часови. За сите љубители на ноќниот живот, Охрид во лето е рај. Преполни барови, кафулиња и локали. Забава и музика од сите стилови и за сите вкусови. Во шпицот на сезоната се случува да се одржуваат и по неколку концерти во иста вечер на познати балкански музички ѕвезди, а концертите на Фестивалот Охридско лето се приказна сама за себе.

Во центарот, по Плоштадот звуците од кафулињата се мешаат со свирките на бројните улични свирачи, а големата раздвиженост дури и во часовите по полноќ ќе ве натера да се запрашате дали Охрид воопшто некогаш спие.

Да - спие, но во зима!  Со завршувањето на летото, завршува и лудиот и возбудлив ноќен живот  во Охрид. Потоа само викендите и празничните журки потсетуваат на возбудливите летни забави. Охрид  по завршувањето на сезоната го живее својот ”зимски сон”  чекајќи го новото лето кога пулсира во ритамот на забавата од сите можни видови.

Галерија

Поврзани блог статии