Локални ресторани и рецепти

Полнета охридска пастрмка

Охрид нуди и голем број на извонреди јадења по кој е познат, но сигурно Охридската пастрамка е нешто по што е препознатлива Охридската кујна.

Состојки:
Една пастрмка тешка еден килограм
250 грама кромид
Домати
Црн пипер, црвен пипер
Еден врзоп исечкан магдонос
Масло
2 лимона

Важно е само да биде рибата тазе и главната коска лесно да се извади за да може потоа да се наполни рибата.

Подготовка:
Пастрмката се мие убаво, се чисти од лушпите и целата се става на плоча или на скара да се испече. При печењето се прелeва со масло за јадење. Кога е пeчена, се става на штица, се сече едната страна по должина од главата кон опашката и потоа рибата се отвора. Се вади ’рбетната коска и се чисти однатре. Потоа се посолува, се посипува со црн пипер, се прелева со сок од лимон и се полни со смеса од пржен компир со домати, црн пипер, црвен пипер, исечкан магдонос и сол.
Кога е наполнета, пастрмката се затвара и се доведува во првобитната положба. Се сервира во долгнавеста чинија, така што исечената страна да биде оздола.

Поврзани блог статии