Познати плажи

Ја нарекуваат Златна, но и џетсетерска плажа. Сместена е на некогашната плажа Парк,  и е омилено сврталиште и на домашните познати фаци – актери, пејачи, спортисти, политичари...

Оваа модерна плажа со пријатен амбиент е направена по светски стандарди и на гостит им нуди раскош: Близу 300 лежалки, од кои 200 на самата плажа, а 80 околу убавиот базен, 50 сепариња, повеќе од сто маси во доминантна бела боја на која се служат освежителни коктели, вкусна храна,кафиња... или се она што на гостите може да им понуди незаборавна дружба.

Познати фаци, одлична музика, плажа која по сите атрибути потсетува на монденските светски плажи.

Некои оваа ИН плажа ја посетуваат само са да бидат видени, други да уживаат во неверојатно убавиот поглед кон градот и да направат незаборавни фотографии во идеалниот спој на природната убавина и човековата креативност. 

Галерија

Поврзани блог статии