Дури 10% од светската популација си легнуваат гладни секоја вечер

Дури 828 милиони луѓе во светот или 10% од светската популација одат на спиење гладни, што е 46 милиони повеќе отколку претходната година, покажуваат податоците на Организацијата на Обединетите нации за храна и земјоделство.

Од тие што се погодени од гладот 2/3 се жени, а 80% живеат во подрачја склони на климатски промени. После децении постојано намалување на бројките, глобалниот глад забележа тренд на раст последните години. Од 2019 до 2021 година бројот на неухранети луѓе пораснал за над 150 милиони, првенствено поттикнат од судирите, климатските промени, економските шокови и пандемијата на корона вирусот.

Пораснаа и трошоците за храна. Од 2019 до 2022 година индексот на цените на храната на Организацијата за храна и земјоделство на ООН, кој ги мери променитее на глобалните цени во кошничката со прехранбени производи како шеќерот, месото, житарките, млечните производи и растителните масла, пораснал од 95,1 бодови на 143,7 бодови.

 
 

„Дури и додека растеа глобалните цени на прехранбените производи, зголемувањето на цените на ниво на земја се разликуваат затоа што земјите применуваат различна политика“ вели Моника Тотова, економист во секторот за трговија и пазари на организацијата.

Најновиот извештај на ООН за сигурноста на храната и исхраната во светот откри дека најголем дел од неухранетото население во светот живее во Азија, каде што околу 425 милиони луѓе во 2021 година биле гладни. Меѓутоа, најмногу гладни луѓе има во Африка – дури 278 милиони во 2021 година.

Бројот на луѓе кои доживуваат акутен недостиг на храна, што ја мери неспособноста за консумирање соодветна храна и како резултат на тоа ги доведува во непосредна опасност нивните животи или средствата за живот, порасна за 1/4 во 2022 година, а 258 милиони луѓе се соочиле со акутен глад, според глобалноиот извештај за криза со храна од 2023 година.

(Bizlife)

(фото: Pxfuel)

www.inovativnost.mk