Денеска премиера на краткиот филм "Да почнеме од нас"

"Да почнеме од нас" е краток филм во режија, монтажа и сценарио на Претседателот на ученичкиот парламент на ООУ "Григор Прличев", генијалниот ИВО ГЕОРГИЕСКИ, а со главни улоги на ученици од ова училиште.

Филмот е снимен под менторство на наставничката Славица Јолакоска Таштаноска, својата премиера ќе ја доживее денес во 13:30 часот во Младински центар Охрид.

Кога децата ќе го претстават нивното секојдневие низ нивното гледиште, кога ќе ги сфатат грешките и кога ќе учат од нив, тогаш сте сигурни дека тие го трасираат вистинскиот пат. За прв пат во нашето училиште, краток филм на тема булинг, различности и непочитување. За прв пат во нашето училиште децата ги толкуваат главните на нивниот секојдневен тек, стои во соопштението за овој филм.

Прличевци, наставниците и учениците ве повикуваат вас другарчиња, родители/старатели и семејства заедно да погледнеме сцени кои ќе ни го сменат за миг нашето гледиште кон денешницата.

Ако почнеме од нас, ќе успееме да го направиме овој свет поубаво место за живеење!