Промоција на сликовницата -боенка „Џуџето Јоханухан Папатакапов Смирнов“

Промоција на „Џуџето Јоханухан Папатакапов Смирнов“, сликовница-боенка на Александар Илиевски и Мерсиха Исмајлоска

Со почеток во 11:00 часот, понеделник 13 март, во Кафе и бар „Шила“, ќе се одржи промоција на сликовницата-боенка „Џуџето Јоханухан Папатакапов Смирнов“ од Александар Илиевски и Мерсиха Исмајлоска.

Сликовницата-боенка е издание на Здружението за поттикнување на развојот на книжевноста и другите уметности „Креативна верига“, и е адаптирана и за читатели со дислексија.