Почнаа подготовките за натпреварот „Млади библиотекари“

Библиотерското здружение на Македонија ќе го организира 22 Републички натпревар „Млади библиотекари“.

Како негова претходница по традиција ќе се одржи  Општинскиот натпревар на кој годинава се поканети да учествуваат ученици и училишта од општините Охрид и Дебрца.

Право на учество на натпреварот имаат членовите на библиотеките на Основните училишта и членовите на НУ-Библиотека „Григор Прличев“, Охрид до 14 годишна возраст.

Тие треба да го користат  Прирачникот за подготовка на кандидати за натпреварот „Млади библиотекари“, во издание на Библиотерското здружение на Македонија според кој Комисијата ќе ги формира прашањата.

Прашалникот ќе се состои од 20 прашања на кои натпреварувачите писмено ќе одговараат за време од еден час Натпреварувачите ќе се потпишуваат со шифра.

Општинскиот натпревар ќе се одржи на 7 април во 10.00 часот во просториите на НУ Библиотека „Григор Прличев“во Охрид.

Победникот од натпреварот ќе се стекне со право на учество на Републичкиот натпревар, кој годинава ќе се одржи во библиотеката „Искра“ во Кочани на 12 мај.

Училиштата треба најдоцна до 6 март да ја информираат Библиотеката за нивно учество и бројот на натпреварувачи.

За дополнителни информациа заинтересираните можат да се обратат во НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид или на  046/ 264-838.