105 дарувани единици крв на традиционалната крводарителска акција Водици 2023

105 дарувани единици крв на традиционалната крводарителска акција Водици 2023, 11 интервенции на спасителите на вода и нуркачките тимови на Црвен крст Охрид, 14 интервенции на медицинските тимови на Црвен крст Охрид е билансот од ангажманот на Црвен крст Охрид на денешниот настан на одбележување на  празникот Богојавление-Водици.

Сите на кои им беше укажана помош се во добра здравствена состојба.



Од 
Црвен крст Охрид благодарност до сите волонтери ангажирани на денешниот настан, кој успешно ги реализираа своите задачи и справувајќи се со голем предизвик, силен ветар и разбранато езеро.

Остануваме посветени  на хуманоста, секогаш и секаде каде е потребно.