Кoj e најмоќниот пасош во светот?

Штотуку излезе најновото рангирање на јачината на пасошите во светот според бројот на земји во кои нивните жители можат да патуваат без да им треба виза.

Т.н. индекс Henley Passport Index ранигра 199 земји во светот врз основа на нивната слобода да патуваат без виза во 227 дестинации.

Оценувањето на пасошите се врши со доделување по еден поен за секоја земја во која важи безвизен режим. Се добива поен и ако жителите на една земја можат да добијат виза, дозвола за престој или еден вид електронска виза во земјата каде што отпатувале при самото пристинување таму. Вкупната оценка на една земја е еднаква на бројот на земји каде што може да се патува без однапред да се бара виза.

Според овој индекс, на прво место како најмоќен пасош во светот е јапонскиот, со 193 земји за кои не се бара виза за Јапонците. На второто и третото место ги делат Сингапур и Јужна Кореја со 192 земји. Потоа следуваат Геманија и Шпанија со 190 земји, Финска, Италија и Луксембург со 189 земји, па Австрија, Данска, Холандија и Шведска со 188 земји.

Од нашето соседство најдобро е рангирана Грција, која го дели осмото место со Канада, Австралија и Малта со 185 земји во кои не им треба виза на Грците. Потоа следува Словенија на 11-то место со 182 земји, па Бугарија и Хрватска на 18-то место со 174. Србија е на 38. место со 136 земји во кои не им бараат виза на Србите. Македонија се наоѓа на 44. место со 125 земји во кои за нас важи безвизен режим.

(Henley & Partners)

(фото: Pixabay)
www.inovativnost.mk