Ученикот Кристијан Војдиноски од ООУ "Кочо Рацин" награден во Ниш

Изминатиов викенд во Ниш, во библиотеката "Старец Никанор Хиландарац" на шестиот Таблин меѓународен конкурс Божиќ - Празник радости, беа доделени наградите во категорија компјутерски цртеж.

Од околу 400 творби, ученикот Кристијан Војдиноски од V-1 одделение од ООУ "Кочо Рацин" - Охрид, под менторство на наставничката Виолета Петковска ја освои третата награда.



Диплома, две книги и божиќно пакетче му додели директорот Драган Маринковиќ Драма.



Ова е втора меѓународна награда на ученикот Кристијан Војдиноски.