Кривата кула во Пиза се исправува

Кривата кула во Пиза, е една од најпопуларните туриситчки атракции во светот, а многу инженери и историчари беа загрижени поради накривеноста. Сепак, неодамнешно истражување покажа дека кулата, всушност, се исправува и тоа за 4 сантиметри.

Ова се случило благодарение на проектот за стабилизација, кој се спроведува од 2001 година досега. Истражувањето го финансирала организацијата за зачувување на споменици Opera Primaziale della Pisana (OPA).

Иако наклонот на кулата е намален, таа и понатаму се поместува за околу 1,55 милиметри годишно, вели професорот по геотехника Нунцианте Сквеглиа од Универзитетот во Пиза.

 

Оваа кула, која е симбол на моќта на поморската република Пиза во средниот век, успеа да преживее најмалку четири силни земјотреси, кои го погодија регионот од 1280 година.

Резултатите од едно истражување од 2018 година покажаа дека мекоста на тлото ја заштитила кулата од големите потреси. Конструцијата на кулата почнала во 1173 година, а завршена е дури во 1319 година поради битките кои се воделе меѓу Пиза и Џенова, како и Лука и Фиренца.

(Bizlife)

(фото: Pxhere)

www.inovativnost.mk