Магична Новогодишна приказна

Новогодишните празници се најволшебниот период од годината. Тоа е период на споделување насмевки, радости, љубов и најубави желби.

Основното училиште “Григор Прличев” и родителите чии деца се ученици во училиштето, и оваа година создадоа една магична приказна распослана низ просториите, училниците, ходниците, кои блескаат во новогодишен сјај.



 Под мотото  “Подари СРЕЌА за среќна Нова” вредните раце го започнаа проектот кој ќе продолжи со Новогодишен базар, за да ги стопли срцата не само на Прличевци, туку и на сите оние кои сакаат да ја почувствуваат волшебната приказна што ја плете Новата Година.
 


 Целата магична приказна на Прличевци е резултат на успешната соработка на Советот на родители на училиштето и директорката со училишниот колектив.
 
Со многу љубов и посветеност, резултатот е повеќе од волшебен!