Во месецот на дарување, бидете хумани, дарувајте крв!

Искористете го РАДОСЕН ДЕКЕМВРИ, месецот на дарување да ја искажете својата хуманост на крводарителската акција која под мотото ПОДАЈ РАКА ЗА ЖИВОТ! ДАРУВАЈ КРВ! ќе се реализира на 13.12.2022 г. (вторник), од  10-14 ч. на Факултетот за туризам и угостителство, Охрид.

Од Црвен крст Охрид ги покануваат студентите, наставниот кадар и вработените на факултетите во Охрид како и сите хумани луѓе во Охрид и Дебрца да учествуваат на оваа крводарителска акција.