Променета старата столарија во објектот на детската градинка "Лихнида"

Во изминатиот период во објектот „Лихнида“ на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ се работеше на промена на надворешната столарија. Старата и дотраена столарија се замена со нови енергетски ефикасни ПВЦ-прозорци.

Со овој зафат значително се подобруваат условите за престој на децата.

Вредноста на оваа инвестиција изнесува 451 704 денари, а средствата се обезбедени преку буџетот на Општина Охрид.

 

Извор: www.ohrid.gov.mk