Деветмина парализирани пациенти проодеа благодарение на швајцарски иновативен третман

Тим од швајцарски научници откри една можеби клучна работа која на луѓето со тешки повреди на рбетот може да им помогне повторно да застанат на нозе.

 Деветмина пациенти со хронични повреди на рбетот повторно проодеа благодарение на мешавина од електростимулација и интензивна физикална терапија, покажаа резултатите на нова швајцарска студија. Сите пациенти имале тешка или целосна парализа како последица на оштетување на рбетниот мозок. Во текот на оваа терапија тие веднаш забележале подобрување, кое траело и пет месеци после студијата.

Студијата на научниците од швајцарското истражувачко здружени NeuroRestore, која е објавена во научното списание Nature, успеала да ги идентификува точните групи на нерви стимулирани со терапијата така што користеле модели на глувци како почетна точка.

Нервните клетки кои управуваат со одењето се наоѓаат во делот на рбетниот мозок кој поминува низ долниот дел од грбот кај човекот. Затоа повредите на рбетниот мозок го прекинуваат текот на сигналите од мозокот, со што го спречуваат и одењето дури и кога специфичните неврони одговорни за одењето се всушност недопрени од повредите. Со оглед на тоа дека кога еден човек повеќе не може да оди тие неврони стануваат нефункционални, тоа потенцијално доведува до трајна парализа на нозете.

Претходните истражувања покажаа дека електричната стимулација на рбетниот мозок може да ја прекине таквата парализа, но досега не беше јасно како точно се случува тоа. Невролозите Клаудија Кејт од Швајцарскиот сојузен институт за технологија во Лозана и нејзините колеги ја тестираа технологијата која се вика епидурална електрична стимулација на деветтемина пациенти, како и на глувци.

Рбетниот мозок се стимулирал со имплантиран неуротрансмитер. Во меѓувреме пациентите имале и интензивна неурорехабилитација, која вклучувала роботски систем за поддршка, кој им помагал додека се движеле во повеќе правци. Таа рехабилитација траела пет месеци и се вршела четири пати неделно. На крајот сите пациенти можеле да одат со помош на патерици.

На изненадување на научниците закрепнатите пациенти покажале намалена неурална активност во лумбалниот дел од рбетниот мозок во текот на одењето. Швајцарските научници веруваат дека тоа е така поради активностите кои на одредена подгрупа на неврони кои се неопходни за одење.

SCVsx2::Hoxa10 невроните се единствено позиционирани да трансформираат информации од мозокот во извршни наредби. Тие потоа се емитуваат до невроните кои се одговорни за одење, објаснуваат швајцарските научници во студијата.

Сепак, тоа е само една компонентна од многу комплицираниот синџир на кклетки за размена на пораки и постојат уште многу работи кои мора да се истражат. Овие експерименти на швајцарските научници потврдија дека учеството на невроните SCVsx2::Hoxa10 е основен услов за враќање на одот кај луѓето после парализа.

Нивното откритие со тек на време ќе резултира со повеќе можности за лекување, а може и да го подобри квалитетот на животот за луѓето со други видови на повреди на рбетниот мозок.

(Science Alert)

(фото: Pxhere)

www.inovativnost.mk