Роднокрајни творци родени во ноември

НУ Библиотека „Григор Прличев“ и овој ноември со изложба на дел од нивното творештво ги одбележува родендените на роднокрајните автори родени во овој месец.

Пред пултот за зајмување е поставена изложба на книги од следните автори: Стојан Ристески, Димче Џајкоски, Димче Донески Дим – Дон, Севим Адем – Сана, Митре Велјаноски и Никола Митровиќ – Бабе.

Деновиве Библиотеката ќе започне со  преуредување и нова обработка на богатото роднокрајно одделение и ќе направи ажуриран список на книги од роднокрајни автори и нивни дела.

Овие податоци подоцна ќе послужат за проширена обработка на творештвото на авторите од Охрид и нови библиографски изданија и стручни книги
.