Запознајте ја Листенбург, измислената држава која стана хит на социјалните мрежи!

Беа потребни само три дена монтираната мапа на која е прикажана Листенбург – измислената држава која е надодадена на Иберискиот Полуостров – да се појави на социјалните мрежи како шега и да ги освои социјалните мрежи низ светот.

Најпрво стануваше збор за шега насочена кон Американците и нивното наводно непознавање на географијата.

„Сигурен сум дека Американците не го знаат името на оваа земја“, напиша на Твитер корисникот Гаспардо на 30 октомври, заедно со слика на мапа со црвена стрелка која покажува територија додадена на мапата покрај Шпанија и Португалија.

 
 

Веднаш потоа друг корисник одговори: „Кој не би ја знаел Листенбург?“, и така се роди оваа измислена држава.

Досега првичниот твит има преку 100 илјади лајкови на Твитер и преку 1.100 ретвитови.

Во меѓувреме дел од корисниците одлучија ова „тролање“ да го подигнат на повисоко ниво, со тврдења дека местото всушност постои. Еден корисник сподели сателитска мапа на која е монтирана измислената држава, а корисници на Реддит направија цела тема за тоа дека во Листенбург постои трка на Формула 1, како и дека нивни астронаути биле дел од мисијата за слетување на Месечината.

Други, пак, се организираа околу таканаречената „екстремно-центристичка партија“, чиј лидер ветил дека „ќе го подобри имиџот на Листенбург во светот“, додека наводното министерство за внатрешни работи понудило да одговори на сите прашања во врска со личните документи и визи на „државата“.

Друг пост на Твитер тврди дека кралот на Листенбург, Листен 15-ти, всушност бил првиот Крал на Сонцето и завојувал против Луј 14-ти за оваа престижна титула во 1661 година.

Химната на Листенбург, заедно со црвено-белото знаме на кое има златен орел се појави речиси веднаш на Јутјуб од профилот на „официјалната“ владина страница на Листенбург.https://www.youtube.com/embed/-R66rHMSsn4?feature=oembed

Кон шегите се приклучија и некои познати корисници на социјалните мрежи. Францускиот спортски коментатор Жилиен Фабро најави дека големата награда на Листенбург во Формула 1 е планирана за 2023 година, додека Францускиот национален хокеарски тим побара оваа „држава“ да биде вклучена во меѓународните натпреварувања.

Листенбург не е прва славна измислена држава. Молванија, измислена пост-советска држава, беше наречена како родното место на „големата кашлица“ и беше производ на група австралиски комичари. Југословачка беше уште една измислена држава, замислена да се потсмева со оние кои често ги грешат државите од Централна и Источна Европа.

Борудиа и Силдавиа беа две измислени балкански држави кои се појавија во стрипот „Авантурите на Тинтин“, кои исто така ги отсликуваа стереотипите околу југоисточните делови на Европа, а тука беше и Апсурдистан, термин кои го користеа дисидентите од поранешниот Советски Сојуз за да ги опишат деловите на СССР и нивните сателитски држави.

Извор – Радио МОФ