Утре промоција на „Стихописани слики“ од Митко Ц. Колјушевски

Во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид утре – среда во 12.00 часот ќе биде промовирана  книгата „Стихописани слики“ од роднокрајниот автор Митко Ц. Колјушевски.

Митко Ц. Колјушевски е роден 1949 год. во Охрид. По професија - Водител на процеси во М.М. Насока (во пензија). По вокација музичар (пеење, гитара, тапани и др. Ударни инструменти). Автор е на песните,,Стариот Фенер” ,,Охридски стари трубадури”, ,,Месецот ти плете коприна“...

Се потпишува на аранжманот на повеќе македонски народни песни. Колјушевски е еден  од основоположниците и долгогодишен член на ансамблот за староградска музика „Самуил“ и групата „Цар Самуил“.

Има издадено две збирки со текстови од македонски народни и обнародени песни: - ПЕСНА ТИ ПЕАМ МАКЕДОНКО - МАКЕДОНСКО ДЕВОЈЧЕ-РОСНО КОКИЧЕ Застапен е во повеќе алманаси и поетски збирки, а „Стихописани слики“ му е прва самостојна збирка песни.

Промотор ќе биде рецензентот на стихозбирката  писателот Мирко Томовски. Тој во својот рецензентски текст ќе напише: Четириесет и петте творби,преку мноштвото директни насочувања, создаваат поетско дело како суверен сведок за идентитетот, традицијата, културата и уметноста, сите собрани во љубовта и тоа не само во еден културен контекст како нашиот, туку и како светско колективно добро, при тоа овозможувајќи да се комуницира со едно уметничко видување како документ на реалноста, сѐ со цел да ги активира најпасивните механизми за восприемање на носталгичноста и љубовта.

Промоцијата ќе ја води и стихови ќе чита поетесата Маја Мојсова.